Хамас и Израел ги финализираат деталите за договорот за заложници

Сподели со своите пријатели

Израел и Хамас синоќа постигнаа начелен договор за размена на заложници и во моментов работат во Доха на финализирање на деталите од договорот, изјавија двајца арапски претставници за Тајмс оф Израел.

Loading...

Едно од главните прашања што се уште не е решено се однесува на прецизните параметри на повлекувањето на израелските сили од Газа.

Како што пишува понатаму „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на изјави на арапски официјални лица, посредниците сè уште чекаат мапа од Израел што ќе ја разјасни таа точка, истакнаа арапските власти.

Според нив, денеска или утре се очекува договорот официјално да биде објавен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нема мир дури и додека траат преговорите. Израел уби 17 луѓе во Газа

Исто така, се очекува тоа да биде направено во форма на заедничка изјава на САД, Катар и Египет, кои посредуваат во преговорите меѓу Израел и Хамас.