Бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, истрелаа ракети кон Тел Авив и други градови, а се огласија и сирените, принудувајќи ги Израелците да се засолнат.
Бригадите Ал-Касам соопштија дека го нападнале Тел Авив со ракети како одговор на израелските масакри врз цивили, се вели во соопштението.
Дописникот на Ал Џезира јави дека бригадите Ал-Касам истрелале ракети врз израелските градови од јужниот дел на Појасот Газа.
Дописникот наведува дека сирените се огласиле во Тел Авив и околните области и дека во градот се слушаат звуци на силни експлозии како резултат на пресретнување на ракети во воздухот.
Израелската телевизија Канал 12 објави дека израелската противвоздушна одбрана пресретнала најмалку 12 ракети откако се огласиле сирените во Тел Авив и неговите предградија.
Истиот извор наведе и дека автомобилите во Ришон Лезион, јужно од Тел Авив, биле погодени од ракета истрелана од Појасот Газа.
Израелските сили извршија 14 масакри
И израелската армија продолжува со бомбардирањето на станбените области во Газа на 115-тиот ден од агресијата, а Министерството за здравство соопшти дека бројот на загинати од почетокот на војната се искачи на 26.637, додека бројот на ранетите достигна 65.387.
Портпаролот на министерството Ашраф ал Кудра изјави дека израелската армија во рок од 24 часа извршила 14 масакри на цели семејства во Појасот Газа, во кои загинале 215 лица, а 300 биле ранети.
Од друга страна, израелската армија соопшти дека во борбите во Појасот Газа во изминатите 24 часа се ранети шест војници, додека бројот на загинатите војници од почетокот на операцијата „Поплава во Ал Акса“ достигна 557, од кои околу 220 загинати од копнената офанзива започна на 27 октомври минатата година.
Според податоците објавени од израелската армија, од 7 октомври минатата година биле ранети 2.771 нејзин офицер и војници.