Шефот на палестинската милитантна група Хамас на окупираниот Западен Брег, Захер Џабарин, потврди дека Хамас денеска ќе им ги предаде на посредниците имињата на четворицата израелски заложници кои ќе бидат ослободени во втората група како дел од првата фаза од прекинот на огнот.
Договорот, во очекување на нивната размена за палестинските затвореници, од кои некои се осудени на доживотен затвор, ќе дојде утре.
Тој во интервју за телевизијата Ал Арабија рече дека договорот се движи во вистинска насока благодарение на волјата на отпорот и на палестинскиот народ и покрај израелските прекршувања.
Џабарин посочи дека по завршувањето на размената во сабота, на Газанците ќе им биде дозволено да се движат од југ кон север на Појасот Газа, во согласност со договорот дека процесот ќе биде завршен во фази и мапи додека не се отстранат сите пречки.
Џабарин истакна дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака да ги запали сите фронтови за да ја одржи својата моќ.
Тој тврди дека израелските сили, заедно со доселениците вооружени од министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир, напаѓаат невооружени цивили на Западниот Брег.
Кога станува збор за преминот Рафа, Џабарин истакна дека Хамас за време на преговорите инсистирал управувањето со преминот да биде палестинско-египетско прашање.
Џабарин откри дека преговорите за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа ќе започнат за две недели и ќе се фокусираат на три точки: целосно повлекување на Израел од Газа, траен и сеопфатен прекин на огнот и целосна размена на затвореници.
Тој нагласи дека механизмите за реконструкција ќе бидат дел од третата фаза од преговорите, истакнувајќи дека тоа ќе го гарантираат посредниците.