Хамас денес ќе ослободи израелско-американски заложник

Сподели со своите пријатели

Бригадите Езедин ал-Касам, вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Хамас, објавија дека во текот на денот ќе го ослободат израелско-американскиот заложник Едан Александар, кој е задржан во Газа од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Loading...

„Бригадите Ал Касам одлучија да го ослободат ционистичкиот војник од американска националност, Едан Александар, кој моментално е во притвор. Ослободувањето ќе биде денес, понеделник, 12 мај 2025 година“, изјави нивниот портпарол, Абу Обеида, во порака на Телеграм.

По разговорите со американските претставници за прекин на огнот во Појасот Газа, палестинското движење Хамас во неделата објави дека ќе го ослободи израелско-американскиот заложник Едан Александар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел не се согласи на прекин на огнот во Газа за ослободување на американски заложник

Од 251 лице киднапирано во Израел за време на нападите извршени од Хамас на 7 октомври 2023 година, 58 сè уште се наоѓаат во Газа, вклучувајќи 34 кои беа прогласени за мртви од страна на израелската војска.