Хакирани Твитер и Јутуб профилите на британската војска

Сподели со своите пријатели

Британската армија започна истрага за хакерскиот напад на профилите на Твитер и Јутјуб.

Каналот на YouTube прикажуваше видеа за криптовалутата и слики на Илон Маск, додека официјалниот профил на Твитер ретвитна неколку објави кои се чини дека се поврзани со NFT.

Во еден момент името на профилот е сменето во „Bapesclan“, а профилната слика во цртана фигура слична на мајмун со шминка на кловн, пренесува Sky News.

Твитер профилот е вратен во нормала.

„Се извинуваме за привременото нарушување на нашиот фид. Ќе спроведеме целосна истрага и ќе научиме од овој инцидент. Ви благодариме што нѐ следевте и нормалната услуга сега ќе продолжи“, се вели во твитот објавен по инцидентот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Иран му се закануваат нови санкции

Во меѓувреме, снимките се вратени и на профилот на YouTube.

Портпаролот на армијата изјави дека се запознаени за „хакирањето на воените сметки на Твитер и Јутјуб и дека истрагата е во тек“.

Тие наведуваат дека безбедноста на информациите се сфаќа „исклучително сериозно“.

„Додека не заврши истрагата, би било несоодветно да се коментира дополнително“, се вели во соопштението на армијата објавено на Твитер.