Хакиран А1 Хрватска: Хакерот бара половина милион долари за да не ги објави податоците на корисниците

Сподели со своите пријатели

Компанијата на мобилниот оператор А1 од Хрватска соопшти дека се случил безбедносен инцидент, односно дека системот бил хакиран.

Loading...

Потенцијално се откриени имињата и презимињата, адресите, броевите на OIB и телефоните на корисниците, но не и информациите за нивните банкарски картички и сметки, бидејќи не се достапни во наведената база на податоци.

Хакерот од А1 бара 500.000 долари во дигитална валута за да не објавува кориснички податоци.

Лицето кое го извршило хакерскиот напад ги информирал медиумите и за својот потфат, објаснувајќи дека причината е што А1 не инвестира во безбедноста на податоците и не ја почитува Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR).