Хакерски напад врз данската новинска агенција Рица

Сподели со своите пријатели

Најголемата данска новинска агенција Рица (Ritzau) денеска соопшти дека ја одбиле уцената од хакерите, поради чиј напад била принудена да престане да објавува вести и фотографии на вообичаен начин.

Loading...

Директорот на Агенцијата, Ларс Вестерлејк не можеше да каже колкава сума побарале хакерите за „ослободување“ на нападнатите податоци, бидејќи Агенцијата не сака да го отвори „документот со порака“ оставен за време на нападот.

Рица која емитува вести и фотографии до корисниците во Данска од 1866 година, нема да работи на вообичаен начин барем уште еден ден, а дотогаш ќе им пренесува содржини на корисниците преку шест блогови.

– Ако се оди како што очекуваме, утре постепено можеме да се вратиме во нормала, рече Вестерлејк.

Тој додаде дека хакерскиот напад погодил околу 25 од 100-те сервери на агенцијата.

Засега не е познато кој стои зад нападот.

Марина Илиевска

Leave a Reply