Хакери влегле во системите на даночната управа и украле лични и финансиски податоци на милиони Бугари, соопшти тамошната влада.
Нападот на бугарската даночна управа НРА се случил кон крајот на јуни, рекле властите, а за него се дознало кога една личност која тврди дека е руски хакер ги контактирала локалните медиуми во понеделник навечер нудејќи пристап до украдените податоци.
– Споредивме 30 отсто од податоците кои се јавно објавени и потврдуваме дека тоа се податоци кои ги има НРА, рекол портпаролот на институцијата Росен Бачваров.
Бугарскиот министер за финансии Владислав Горанов изјавил дека се погодени околу три отсто од базите со податоци, што вклучува милиони досиеја во земјата од седум милиони жители.
Меѓутоа, информациите кои протекле не биле тајни и не е загрозена финансиската стабилност, посочил тој.
Image by TheDigitalWay from Pixabay