Хакери ja продаваат базата на податоци на кинеската полиција: Содржи податоци над милијарда лица

Сподели со своите пријатели

Сè уште неидентификувани хакери тврдат дека ги украле податоците на повеќе од милијарда кинески граѓани, а експертите велат дека ако се покаже дека хакерите ја кажуваат вистината, ова би можело да биде најголемото нарушување на сајбер безбедноста во историјата на Кина.

Loading...

Украдената база на податоци моментално се продава на хакерски форум кој се појавил како алтернатива на популарните форуми Raid.

 

 

Според продавачот, податоците се украдени од базата на податоци во сопственост на Националната полиција на Шангај (SHGA) и ги вклучуваат следните информации: име, адреса, место на раѓање, број на мобилен телефон и број на социјално осигурување, а Wall Street Journal пишува дека хакерите дадоа примерок од податоците, кои вклучуваат извештаи за криминал кои датираат од 1995 година. Новинарите ја потврдија легитимноста на некои од податоците со тоа што ги повикаа луѓето чии броеви беа обелоденети.

Претставниците на полицијата во Шангај не го коментираа ова прашање.

Продавачот исто така рече дека SHGA не бил хакиран, но базата на податоци протече поради погрешна конфигурација.

Loading...

Хакерите кои украле околу 23 терабајти податоци сега ги продаваат за 10 биткоини, кои моментално вредат нешто повеќе од 180.000 долари.

 

 

Во понеделникот, основачот и извршен директор на берзата за криптовалути Binance, Зао Чангпенг, твитна за инцидентот. Сепак, тој не ја именуваше државата и само спомна дека жртва на инцидентот е „азиска земја“. Тој на Твитер потврди и дека овие податоци се продаваат на дарк веб.

Сè уште не е јасно како хакерите се инфилтрирале во полициската база на податоци, но има индиции дека до неа пристапиле преку провајдерот на облак услуга наречен Алијун, кој е во сопственост на Алибаба. Алибаба соопшти дека истрагата за инцидентот е во тек.