Конгресот на Гватемала одобри закон кој предвидува казна за абортус до 25 години затвор, забранува истополови бракови и предавање во училиштата за сексуални разлики.
Законот за заштита на животот и семејството, предложен од конзервативната партија Вива, неочекувано беше поддржан од големо мнозинство пратеници, вклучително и сојузниците на претседателот Алехандро Гаматеи, пренесува Ројтерс.
Влезот во НАТО ќе ја дестабилизира Европа, тврди шведската премиерка
Казната за абортус е зголемена од, меѓу пет и 10 години, на 25 години затвор, освен кога животот на мајката е во опасност.
Законот забранува учење на децата и младите за сексуалните разлики и родовата идеологија и наведува дека ниту една друга ориентација освен хетеросексуалната „не е нормална“, наведува Ројтерс.
Активистите и некои политичари го критикуваа законот, кој беше усвоен на Меѓународниот ден на жената, а омбудсманот за човекови права на Гватемала, Џордан Роудс, рече дека ќе го оспори поради загрозување на основните права и слободи.
ОВА Е ВОЈНА ВО ЕВРОПА: За прв пат се обрати сопругата на претседателот на Украина
„Овој закон ги крши човековите права, ги прекршува меѓународните договори ратификувани од Гватемала, тоа е назадување во слободите“, изјави Родс за новинарите пред Конгресот.
Донесувањето на Законот за заштита на животот и семејството е стопирано од 2018 година, а за да стапи во сила потребно е да биде објавен во службениот весник на земјата, наведува Ројтерс.