Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, дека неговата администрација „сака граѓанска војна на улиците“, среде протестите во Лос Анџелес против рациите на федералната агенција за имиграција ICE.
Кога новинарите го прашаа што мисли за изјавата на Њусом дека „сака граѓанска војна“, Трамп одговори:
„Не, токму спротивното. Не сакам граѓанска војна. Граѓанска војна би се случила ако луѓе како него одлучуваат за сè“.
REPORTER: Gavin Newsom says you want a Civil War.
TRUMP: “It’s just the opposite, I don’t want a Civil War. Civil War would happen if you left it to people like him.” pic.twitter.com/daN3SIEWEm
— Breaking911 (@Breaking911) June 9, 2025
Протестите избувнаа минатиот петок во Лос Анџелес, дом на бројни мигрантски заедници, како одговор на федералните рации за имиграција наредени од администрацијата на Трамп.
Вашингтон тврди дека таканаречените „градови-засолништа“ како Лос Анџелес и државата Калифорнија ја попречуваат работата на федералните агенти.
Како одговор на немирите, Трамп го одобри распоредувањето на Националната гарда.
Њузом: Трамп ја влоши ситуацијата
Гувернерот Њусом изјави за телевизијата Фокс 11 од Лос Анџелес дека тоа е „нелегален и неуставен чин“ со кој претседателот ја „федерализирал“ Националната гарда, ставајќи ги животите на граѓаните во опасност.
Њусом, исто така, рече дека разговарал со претседателот во изминатите неколку дена, но дека Трамп не сакал сериозно да разговара за настаните во Лос Анџелес и дека ниту еден локален функционер не побарал федерална помош.
„Тој ја влоши ситуацијата. Ова се сликите што ги создаде Доналд Трамп“, рече Њусом, додавајќи дека „нема можност за преговори“ со Трамп.
На прашањето за тврдењето на Трамп дека лично му рекол дека ќе ја испрати Националната гарда ако не ја смири ситуацијата, Њусом рече дека претседателот е „ладнокрвен лажго“ и никогаш не го рекол тоа.
„Тој не е за мир, туку е таму за граѓанска војна на улиците“, рече Њусом.