Гувернер: Можно повлекување од Северодонецк, но не и предавање на градот

Сподели со своите пријатели

Украинските сили можеби ќе треба да се повлечат на подобро воспоставени позиции од Северодонецк, клучен град во источна Украина кој постојано се бомбардира, но нема да го предадат градот, рече регионалниот гувернер.

Loading...

„Борбите сè уште траат и никој нема да го предаде градот, дури и ако нашата армија треба да се повлече на подобро утврдени позиции. Тоа не значи дека некој се откажува од градот – никој нема да се откаже од ништо. Но, можно е да мора да се повлече“ – рече тој.

Украина очекува дека Русија дополнително ќе го зајакне бомбардирањето на Северодонецк и ќе започне голема офанзива, рече Хајдај.

Британското Министерство за одбрана во својот утрински извештај објави дека украинските сили „се држат“ во источниот град Северодонецк и покрај нападите на руските сили од три правци, пренесе Би-Би-Си.

Малку е веројатно дека било која страна окупирала важни територии таму во изминатиот ден, додаде Министерството.

Додека руските сили ги фокусираа своите напади на источниот регион на Донбас, на други места тие остануваат на „одбранбена позиција“.