Гутереш: Подобро е за сите што поскоро да заврпи војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го повтори апелот за прекин на конфликтот и продолжување на преговорите, како и за непречен пристап до хуманитарна помош во војната во Украина, која започна пред 100 дена.

Loading...

„Го повторувам мојот повик за итен прекин на насилството, за непречен пристап до хуманитарна помош за сите на кои им е потребна, за безбедна евакуација на цивилите заробени во борбените области и за итна заштита на населението и почитување на човековите права во согласност со меѓународните норми“, рече Гутереш во петокот.

Тој нагласи дека овој конфликт веќе однел илјадници животи и раселени милиони луѓе, и дека војната „резултирала со неприфатливо кршење на човековите права и ја разгорела тридимензионалната глобална криза на храна, енергија и финансии, која најмногу ги погодила ранливите луѓе, земјите. и економијата“, пренесува CNN.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Украина е уапсен командантот на единицата за специјални операции

Гутереш, исто така, рече дека ОН се „посветени на хуманитарните напори“ и дека на крајот ќе бидат неопходни преговори и дијалог за решавање на конфликтот.

– Колку побрзо страните се вклучат во дипломатски напори и добра волја да се стави крај на оваа војна, толку подобро за Украина, Русија и светот – истакна генералниот секретар на ОН.