Гутереш ја оцени ситуацијата во Газа како „ужасна“

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја оцени ситуацијата во Појасот Газа како „ужасна“, нагласувајќи дека нивото на смртност и уништување во таа област „нема паралела во модерната историја“.

Loading...

На прес-конференција во седиштето на ОН, Гутереш изрази длабока загриженост поради најновиот напад, во кој, според извештаите, загинаа голем број цивилни жртви, вклучувајќи деца, додека се обидуваа да побараат помош.

„Насилството го поткопува основното човечко достоинство на луѓето од Газа, без оглед на огромното страдање што веќе го трпат“, рече Гутереш, повторувајќи го својот апел за траен прекин на огнот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За шест недели, 875 Палестинци убиени додека чекале хуманитарна помош

Тој нагласи дека примирјето мора да доведе до политичко решение што го вклучува правото и на Палестинците и на Израелците на сопствена држава.

Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи (OCHA), во текот на викендот седум деца починаа во Нусејрат додека чекаа вода, додека жени и деца беа убиени за време на дистрибуција на храна во четврток.

УНИЦЕФ ги окарактеризира ваквите напади како „злосторство што мора да престане“, нагласувајќи дека цивилите, особено децата, не смеат да ги ризикуваат своите животи за основни потреби, пренесува Танјуг.

Министерството за здравство на Газа објави дека специјалист по хирургија и ендоскопија е убиен во текот на викендот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија нападна тенкови во јужна Сирија

ООН, исто така, предупредува на критичен недостиг на гориво.

Loading...

Ограничените конвои со помош не се доволни за еден ден работа, а продолжувањето на ваквите услови може да доведе до целосно прекинување на хуманитарните операции, вклучувајќи ја здравствената заштита, снабдувањето со вода и дистрибуцијата на помош.

На повеќе од 5.800 деца во Газа им е дијагностицирана неухранетост, а повеќе од 1.000 од нив имаат тешка акутна неухранетост, објавува Синхуа.

ООН и нејзините партнери ги повикуваат израелските власти веднаш да дозволат непречен и континуиран проток на помош во Газа преку сите достапни коридори.

Во меѓувреме, израелските сили издадоа нови наредби за евакуација. Во петокот, на околу 70.000 луѓе им беше наредено да ја напуштат областа Римал во градот Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Не веруваме во примирје со Израел, подготвени сме за неколку воени сценарија

OCHA проценува дека повеќе од 86 проценти од Појасот Газа моментално е под наредби за евакуација или во израелски милитаризирани зони. На Западниот Брег, OCHA забележува континуирано насилство.

Двајца млади Палестинци беа убиени во петокот во близина на Рамала за време на напад од страна на израелски доселеници.

Од почетокот на годината, низ Западниот Брег се пријавени повеќе од 700 вакви инциденти, кои погодуваат повеќе од 200 заедници.