Гутереш и Зеленски утре на средба во Киев: Ќе разговараат за војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш утре во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува Анадолија.

Прес-службата на генералниот секретар соопшти дека Гутереш ќе го посети Киев по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва за прашањето за војната во Украина.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Гутереш ќе отпатува за Киев преку Полска, каде ќе се сретне со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба и со украинскиот претседател Зеленски.

ОН соопштија и дека за време на посетата на Гутереш на Москва е постигнат договор за евакуација на цивили од фабриката Азовстал во Мариупол.

Потсетуваме, Гутереш вчера ја посети Москва каде имаше средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рускиот претседател Владимир Путин.