Гутереш ги осуди израелските напади во Либан по смртта на многу цивили

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ги осуди израелските воздушни напади во Либан, истакнувајќи дека во нив се убиени и ранети стотици цивили, вклучувајќи и деца.

– Гутереш недвосмислено ги осудува масовните напади и е длабоко загрижен за зголемениот број цивилни жртви – изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик.

И покрај прекинот на огнот во конфликтот со Иран, Израел изврши големи напади врз цели во Либан, вклучувајќи го и главниот град Бејрут.

Според податоците од либанското Министерство за здравство, загинаа најмалку 182 лица.

Израелската армија соопшти дека ги таргетирала командантите на Хезболах и воената инфраструктура, додека либанските власти соопштија дека меѓу жртвите има голем број цивили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека САД навистина не ја повлечат својата агресија

За разлика од Иран, САД и Израел не го сметаат Либан за вклучен во договореното двонеделно примирје.

Иран размислува за повлекување од прекинот на огнот, според иранската новинска агенција Фарс њуз агенциј, пренесува ДПА.