„ГУГЛ“ треба да исплати 7,8 милиони евра казна на Русија

Сподели со своите пријатели

Руските адвокати и американската компанија „ГУГЛ“ постигнале спогодба со која се става крај на спорот кој руските власти го покренаа против компанијата.

Се работи за истрага поради инсталирање на своите апликации во мобилните уреди кои го користат оперативниот систем Андорид.

Според постигнатата спогодба, американската компанија треба да исплати 439 милиони рубљи или 7,8 милиони долари казна и нема да ја ограничува инсталацијата на апликации и услуги од други произведувачи, пренесува агенцијата АП.

Спогодбата ја обелоденил заменик директорот на руската Федерална антимонополска служба Алексеј Достенко, известуваат руските медиуми, потсетувајќи дека истрагата биа покрената на иницијатива на сајтот Јандекс, главен сајт за пребарување во Русија.

 

Loading...