Гугл овозможува нов вид заштита за вашите кориснички профили

Сподели со своите пријатели

Гугл објави нова функција која на Андроид паметните телефони им овозможува да служат како безбедносен клуч за да дополнително се подобри заштитата на корисничките профили.

Loading...

Верификацијата во два чекори постои подолго време, но хакерите веќе успеале да ја измамат во неколку наврати, поради што Гугл бара понапредни решенија за чување на корисничките профили.

Во овој момент за најсилни се сметаат традиционалните безбедносни клучеви, а сега Гугл овозможува Андроид телефоните да играат улога во таквите уреди.

– Вашиот телефон може да биде безбедносен клуч, вграде е во уредите кои коистат Андроид 7.0+. тоа ви го олеснува отклучувањето на оваа моќна заштита, без потреба за носење дополнителни безбендосни клучеви, велат од компанијата Гугл.

Со помош на овие опции корисниците можат да овозможат Андроид телефоните да се користат како безбедносни клучеви и за лични Гугл профили за Гугл клауд профилите. Се што ви е потребно е телефон со верзија 7 или понова на оперативниот систем Андроид, уредо со овозможен Блутут кој го активира Хром оперативниот систем, мак или Виндоус 10 и Гугл хром пребарувач.

По поставувањето на Андроид уредите како безбедносен клуч, кога и да се бара пријава, телефонот прима известување да даде дозвола или да го одбие барањето.

Гугл препорачува на корисниците да набават и традиционален безбедносен клуч како резерва, во случај да биде потребно за враќање пристап до профилот.

– Препорачуваме да регистрирате резервен безбедносен клуч и да го чувате на сигурно место, така да можете да влезете во својот профил ако го изгубите телефонот. Можете да купите безбедносен клуч од некој од бројните произведувачи, вклучително и нашиот Титан безбедносен клуч, вели Гугл.

Loading...

Новата функција е достапна од вчера за сите корисници на Гугл кои имаат Андроид уред и кои имаат конфигурирана верификација во два чекори за своите профили.

Гугл на Јутјуб објави и видео за новата функција кое можете да го погледнете ТУКА.

Leave a Reply