Гугл обвинет за ширење расизам

Сподели со своите пријатели

Гугл се соочи со уште една тужба во која се тврди дека компанијата вработува црнци на пониски работни места и ги плаќа помалку. Во компаниите на Гугл само 4,4% од вработените се црнци. Во тужбата се тврди дека на црнците им е ускратена можноста да напредуваат во компанијата. Во тужбата се наведува дека Гугч го поддржува расизмот и расно пристрасната корпоративна култура во која вработените црнци се чувствуваат непријатно.

Loading...

 

 

Тужбата дојде по истражувањето за третманот на црните работници во компанијата. На овие тврдења им се придружија и луѓе со латинско потекло. Тврдат и дека се изложени на дискриминација и дека им се намалени шансите за напредок.

Засега Гугл не ги коментираше новите тужби. Иако сме повеќе од сигурни дека ќе дадат изјава во која тврдат дека секогаш ја поддржувале еднаквоста и ја поттикнувале различноста.