Гугл ќе плати милиони поради дискриминација при вработување

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд на САД соопшти дека Гугл се согласил да плати 3,8 милиони долари по обвинувањата за дискриминација на Азијатки.

Loading...

Во најголем дел, на тој износ ќе им се исплати надомест за 2.565 жени вработени во Гугл како инженери, како и за 3.000 кандидати од азиско потекло кои не биле избрани на тие позиции, соопшти американското Министерството за труд.

 

 

Гугл соопшти дека дискриминацијата е забележана за време на рутинската внатрешна анализа и дека компанијата се согласила да ја плати таа сума со цел да ја поправи ситуацијата, истовремено негирајќи дека го прекршила законот.

„Сметаме дека секој треба да биде платен според работата што ја работи, а не според тоа кој е, и ние вложуваме големи суми за да го направиме процесот на вработување и обештетување фер“, изјави портпаролот на Гугл за агенцијата Франс Прес.

Таа рече дека Гугл сега ги анализира податоците за платите и бара неправилности и изрази задоволство што се решаваат проблемите со наводна дискриминација.

Loading...

 

 

Според Министерството за труд, една анализа открила разлики во платите на вработените во центрите на Гугл во Силиконската долина и во американската држава Вашингтон во северозападна САД.

Претставник на Министерството за труд на САД во изјавата рече дека дискриминацијата на платите останува системски проблем.

Министерството, исто така, утврди разлики во стапките на вработеност кај ИТ инженерите, кои беа неповолни за женските и азиските кандидати.

Како дел од прифатениот договор, Google ќе ги разгледа правилата, процедурите и практиката на вработување и исплата на надоместоци, изјави Министерството.

 

Loading...

 

Проблемите во Гугл паѓаат во контекст на обвинувањата за сексистичката култура и технолошка индустрија во Силиконската долина, каде доминираат мажите.

Leave a Reply