Гугл и Епл добија казни од Италија од по 10 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот регулатор за конкуренција ги казни Гугл и Епл со 10 милиони евра поради „агресивни практики“ поврзани со комерцијална употреба на кориснички податоци.

Во соопштението за печатот, италијанскиот регулатор рече дека гореспоменатите американски технолошки компании не дале јасни и директни информации за тоа како собираат и користат податоци од корисниците на нивните услуги.

Google и Apple изразија несогласување со одлуката на италијанското регулаторно тело и најавија жалба на одлуката.

Италијанското регулаторно тело тврди дека системот, кога корисниците само го поставуваат својот профил на Google, е дизајниран на таков начин што ќе наметне усвојување услови и правила за користење на нивните податоци.

Во случајот на Apple, додава италијанскиот регулатор, корисниците немаат ни избор. Но, Apple размислува поинаку.

Обезбедуваме транспарентност што недостасува во индустријата и можност за контрола на сите корисници, за да можат да изберат какви информации сакаат да споделуваат и како може да се користат, се вели во соопштението на Apple, опишувајќи ја одлуката на италијанското регулаторно тело како погрешна.

„Гугл“ во соопштението рече дека следеле правична и транспарентна практика која на корисниците им обезбедува корисни услуги и им дава јасни информации за нивната употреба.

Казната наметната од италијанскиот регулатор за заштита на конкуренцијата е всушност максимумот што може да се изрече за вакви случаи.