Гугл доби нова тужба поради следење на локацијата на корисниците

Сподели со своите пријатели

Google се соочува со уште една тужба поради, како што се наведува, следење на локацијата на корисниците на Андроид.

Loading...

Тужбата ја поднесоа обвинители од три американски држави – Вашингтон, Индијана и Тексас.

Во тужбата се наведува дека сложените поставки на Google ја заматуваат реалната слика и ги наведуваат потрошувачите да мислат дека имаат контрола над нивните податоци и приватност.

 

 

„Гугл ги наведе своите корисници да веруваат дека менувањето на поставките ќе помогне да се заштити нивната приватност. Вистината е спротивна. Google ги мами корисниците и профитира од податоците за нивната локација. Правната процедура се заснова на податоци за локацијата и следење во реално време на локацијата на корисникот“, изјави американскиот државен обвинител Карл Рејсин.

Ова го прекршува законот за заштита на потрошувачите во тие сојузни држави.

Loading...

А Вашингтон, исто така, се повикува на извештајот на Асошиетед прес дека телефоните складираат информации за вашата локација, без разлика дали е вклучена опцијата за локација или не.

 

 

Google ги отфрли наводите во тужбата, посочувајќи на неодамна воведените опции како што е можноста за автоматско бришење на историјата на локацијата, пренесува Verge.

„Обвинителите поднесуваат тужба врз основа на неточни и застарени тврдења за нашите поставки. Постојано додаваме нови поставки за приватност и обезбедуваме широка корисничка контрола врз нашите податоци“, изјави портпаролот на Google, Хозе Кастенда за NBC News.