Грузија официјално поднесе барање за членство во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Грузија денеска официјално ја поднесе апликацијата за влез во ЕУ, соопшти премиерот на таа земја по поднесувањето на украинската апликација за членство откако Русија ја нападна нејзината територија.

Loading...

„Ние аплицираме за членство во ЕУ“, рече Иракли Гарибашвили во изјавата по потпишувањето на писмото во таа насока.

„Грузија е европска земја и продолжува да дава вреден придонес во заштитата и развојот на Европа“, рече тој.

Неименуван висок функционер на Европската унија денеска изјави дека по официјалното барање на Украина за членство во тој блок од 27 земји, многу брзо се очекуваат исти барања од Молдавија и Грузија.

Секоја апликација за членство вклучува процес кој трае со години и вклучува фундаментални реформи и усогласување со стандардите на ЕУ во различни области.