Шефот на владејачката грузиска партија Иракли Кобахидзе вели дека тамошната влада подготвува итна апликација за статус на кандидат за членство во ЕУ, која утре ќе ја достави до Брисел.
Кобахиџе вели дека одлуката е донесена поради „општата политичка ситуација и новата реалност“.
Од почетокот на руската инвазија се одржуваат ноќни улични собири во знак на солидарност со Украина, но и во гнев поради одлуката на грузиската влада да не се приклучи кон меѓународните санкции против Русија.
Владата во понеделникот одби да дозволи група грузиски доброволни борци да го напуштат меѓународниот аеродром во Тбилиси и да се приклучат на војната во Украина.
Во знак на протест, претседателот Зеленски го отповика украинскиот амбасадор во Грузија.
Грузиската влада се плаши да не ја испровоцира Русија, која има воени бази во отцепените региони Грузија, Јужна Осетија и Абхазија.
Но, грузиската влада е под притисок во земјата да покаже дека останува посветена на пристапувањето во НАТО и ЕУ.