Групите за човекови права ги осудија САД за вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Сподели со своите пријатели

Меѓународните групи за човекови права Амнести интернешенел и Хјуман рајтс воч ги осудија Соединетите држави што ставија вето на резолуцијата на Обединетите нации за прекин на огнот во Појасот Газа.

Loading...

Според лондонски Гардијан, генералниот секретар на Амнести Интернешнл, Агнес Каламар, рече дека ветото е „морално неодбранливо“ и дека САД покажале „запоставување“ на животите на цивилите и хуманитарната катастрофа во Газа.

Каламар оцени дека, користејќи го своето право на вето, Америка го поткопа кредибилитетот и способноста на Обединетите нации да обезбедат меѓународен мир и безбедност.

Според неа, САД како единствена земја која гласаше против прекинот на огнот е изолирана од остатокот од светот, како и од голем дел од американското население.

Хјуман рајтс воч оцени дека САД „ризикуваат соучесништво во воени злосторства“ со ставање вето на резолуцијата на ОН.

„Со тоа што ќе продолжи да му дава оружје на Израел, како и со обезбедување дипломатско покривање додека Израел врши злосторства, вклучително и колективно казнување на палестинското цивилно население во Газа, САД ризикуваат соучесништво во воени злосторства“, според Хјуман рајтс воч, пренесува Танјуг.