Групата за брза реакција на НАТО од Нова година ќе ја предводат Британците

Сподели со своите пријатели

Британската 7-ма лесна механизирана бригада ќе ги предводи силите за брза реакција на НАТО од 1 јануари 2024 година, ставајќи илјадници војници во готовност и подготвени за распоредување во рок од неколку дена, објави официјалната веб-страница на НАТО.

Loading...

Заедничките оперативни сили на НАТО за многу висока подготвеност (ВЈТФ) беа формирани по руската анексија на Крим во 2014 година и за првпат беа распоредени за колективна одбрана на Алијансата по руската инвазија на Украина во 2022 година, пренесува Танјуг.

Велика Британија го презема раководството на ВЈТФ од Германија, која беше на чело на силите во текот на 2023 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Канада убил осомничен за бомбашки напад од 1985 година. Осуден е на доживотен затвор!

„Оваа бригада треба да биде подготвена да се движи во рок од неколку дена каде и да има потреба од НАТО, што ја прави клучен дел од нашата колективна одбрана. Британското раководство на нашата формација за највисока подготвеност е јасна демонстрација на нејзините способности и посветеност на НАТО“, рече Дилан Вајт, вршител на должноста портпарол на Алијансата.

Група од 6.000 војници

ВЈТФ е дел од поголемите сили за одговор на НАТО во кои се вклучени и воздушните и поморските сили.

Во 2024 година, копнените сили на ВЈТФ ќе се состојат од околу 6.000 војници, со борбениот тим на Седмата лесна механизирана бригада – „Пустински стаорци“ – во неговото јадро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 18 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Бригадата се состои од лесен коњанички полк и четири лесни механизирани пешадиски баталјони со артилериски, инженерски, логистички и медицински полк.

Единиците ги вклучуваат Кралскиот англиски полк и Кралската шкотска гарда. Првата полска оклопна бригада од Варшава и шпанската бригада Гузман ел Буено ќе обезбедат тешки борбени тенкови, нападни хеликоптери и противвоздушна одбрана.

Loading...