Група руски агенти уапсена во Одеса, им се заканува доживотен затвор

Сподели со своите пријатели

Службата за безбедност на Украина (СБУ) уапси група руски агенти во Одеса, меѓу кои двајца војници и една локална жена, и им се заканува доживотен затвор за шпионирање на локациите на украинскиот систем за противвоздушна одбрана (ПВО), објави СБУ.

Loading...

Во соопштението се наведува дека руски агенти по наредба на руската федерална служба за безбедност ги извидувале локациите на системите за противвоздушна одбрана во Одеса, ги фотографирале и ги означиле на мапите на Гугл, објави Укрниформ.

Се нагласува дека втора задача на руските агенти била прикриеното поставување на безжични магнетни камери на територијата на пристаништето Одеса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФСБ: Спречен терористички напад во Самара

Се вели дека една локална жителка била уапсена во нејзиниот дом откако извршила извидување во близина на потенцијална цел.

При претресот од уапсените биле одземени мобилни телефони кои служеле исклучиво за комуникација со ФСБ.