Четири мажи силувале, убиле и изеле заштитен гуштер во индиски шумски резерват, објавија локалните медиуми. Сè се случи на 29 март во резерватот Сахјадри во западна Индија. „Никогаш не сум видел вакво злосторство. Мажите се на 20-ти и 30-ти години и тоа го правеле од забава“, изјави ренџерот Вишал Мали за VICE.
Мажите се идентификувани како Сандип Павар, Мангеш Камтекар, Акшај Камтекар и Рамеш Гаг. Тие се обвинети според Законот за заштита на дивиот свет во Индија од 1972 година. Локалниот суд им одреди кауција минатата недела.
Мали рече дека, освен што ова е сурово злосторство, постои и ризик од болест. „Не само што е ова сурово, туку постои и ризик од зоонози. Тие можат да пренесат сексуално преносливи болести и други инфекции“, рече Мали.
Се стравува дека бројот на силувани животни е поголем од пријавениот
Овој вид заштитен гуштер расте во просек помеѓу 1,5 и 2 метри, но откриени се и примероци долги повеќе од три метри. Во просек тежат околу 20 килограми.
Помеѓу 2010 и 2020 година, во Индија беа пријавени околу 80 случаи на сексуална злоупотреба на животни, но експертите велат дека бројката е многу поголема и практиката е сè уште редовна во некои оддалечени делови на Индија.
Неодамнешните случаи на сексуална злоупотреба на животни вклучуваат човек кој силувал и убил бремена коза во јужна Индија и 60-годишен маж кој силувал куче скитник минатата година.