Група од 41 член на Демократската партија во американскиот Конгрес побараа од американскиот претседател Џозеф Бајден да му ја укине визата на поранешниот екстремно десничарски претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, кој се наоѓа на Флорида.
„Не смееме да дозволиме Болсонаро или кој било друг поранешен бразилски функционер да најде засолниште во САД за да ја избегне правдата за секое можно злосторство извршено додека беше на функцијата“, се вели во отвореното писмо, упатено во четвртокот до американскиот претседател.
Тие, исто така, ја повикуваат американската влада „целосно да соработува со истрагата на бразилската влада, доколку тоа го побараат САД“ и да го потврди правниот статус на Болсонаро, кој пристигна на американска територија како претседател.
Пратениците го повикаа Министерството за правда да ја истражи можната „поддршка или финансирање“ од САД за настаните на 8 јануари во Бразилија, каде што приврзаниците на екстремната десница упаднаа во државните институции.
Упадот потсетува на нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година од приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Болсонаро замина на Флорида два дена пред истекот на неговиот мандат, за да ја бојкотира инаугурацијата на новиот левичарски претседател Луис Инасио Лула да Силва.