Група Авганистанци од Германија депортирани во Кабул

Сподели со своите пријатели

Првиот авион со мигранти депортирани од Германија во Авганистан полета утрово од Лајпциг, пишува германскиот „Билд“.

Loading...

Целата операција, како што објавија медиумите во оваа земја, беше спроведена во тајност поради потенцијални протести од групи кои се противат на депортациите, објави „Klix.ba“.

Следејќи го примерот на мигрантската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, новите германски власти, под канцеларот Фридрих Мерц, одлучија за масовни депортации, а оваа операција во медиумите беше наречена „Летови на Мерц“.

Патем, во првиот лет за депортација беа вклучени луѓе од Авганистан, кои прво беа префрлени од различни делови на Германија во Лајпциг, а потоа качени на лет за Кабул.

„Билд“ исто така тврди дека сите депортирани мигранти имаат претходни пресуди за кривични дела како кражба, дистрибуција на дрога и напад.

Треба да се напомене и дека, според Централниот регистар на странци на Германија, на 30 јуни, во Германија имало 11.172 авганистански државјани кои биле должни да ја напуштат земјата, вклучувајќи 9.462 со привремено одложување на депортацијата и 1.710 без неа.