Еден корисник на Redit сподели слика на многу необичен оглас што го најде на нивната најпозната и најголема страница, која се занимава со понуда и побарувачка на разни предмети, како и услуги.
Loading...
Постои дури и урбана легенда дека на тоа место било можно да се најде платен убиец, но никој никогаш не го потврдил тоа.
Сепак, една реклама привлече доста внимание на социјалните мрежи. На сликата има пилешка кожа, а во рекламата се вели дека станува збор за кожен детски елек кој чини 50 американски долари. Лицето што го продава овој „елек“ е од американската држава Илиноис.
Следуваа смешни коментари, но останува прашањето дали човекот успеал да го продаде елекот.