Гроси: Страните во конфликтот треба да се вратат на патот на дипломатско решение

Loading...
Сподели со своите пријатели

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во неделата на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека страните во ескалирачките конфликти на Блискиот Исток мора да се вратат на патот на дипломатско решение.

„Постои „прозорец на можности“ за враќање кон дијалогот и дипломатијата“, рече Гроси, објави Интерфакс.

Тој додаде дека „доколку тој прозорец се затвори, насилството и уништувањето би можеле да достигнат незамисливи нивоа, а глобалниот режим за неширење на нуклеарно оружје би се срушил“, пренесува Танјуг.

Во исто време, Гроси ги повика сите страни да покажат максимална воздржаност и додаде дека самиот е подготвен да оди на местото на настанот за да се вклучи со претставниците на тие страни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранците им се закануваат на САД: Вие можеби ја започнавте, но ние ќе ја завршиме оваа војна

Советот за безбедност на ОН одржува седница на барање на Иран, откако САД извршија напади врз три ирански нуклеарни објекти.

Американските воени сили синоќа ги нападнаа објектите Фордо, Натанц и Исфахан.