Гром ОО Куманово денеска на прес-конференција ги соопшти своите ставови по повод две актуелни теми во општината. Гром бара од локалната власт да се исплатат дневниците на членовите на избирачките одбори, и исто така да се реши прашањето поврзано со превозот на ученици.
Но почитувани граѓани сакаме да потсетиме дека во нашата општина се уште постои еден додатен проблем за тоа овие избори да бидат фер и демократски. Имено до ден денес општина Куманово е единствената општина во РМ која се уште ги нема исплатено дневниците на сите членови на избирачките одбори кои што ги спроведоа претходните локални избори. Затоа ја повикуваме локалната власт, во најкус можен рок да ја подмири оваа своја обврска, и на тој начин да даде вистински придонес во процесот на креирање фер и демократска атмосфера пред предвремените парламентарни избори, изјави д-р Драган Караџински, советник на ОО Гром Куманово.
Loading...