Грк приведен на Табановце. Во возилото имал пиротехника

Сподели со своите пријатели

Грчки државјанин бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства.

Loading...

– На  24.04.2025 околу 23.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К.(29) од Република Грција затоа што при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР; лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово: СДСМ манипулира за реконструкцијата на водоводот на „Никола Тесла“

Никола Ивановски