Гризли во Канада уби две лица

Сподели со своите пријатели

Гризли нападна и уби две лица и нивното куче во националниот парк Банф во канадската држава Алберта, соопшти денеска канадската управа за паркови.

Loading...

Како што е наведено, администрацијата претходно добила предупредување од ГПС-уред дека мечка нападнала луѓе во долината на реката Црвениот елен, западно од ранчот Ја Ха Тинда во националниот парк Банф, а мечката потоа била еутаназирана, откако покажала агресивно однесување, јавува Ројтерс.

Жртвите биле брачен пар од Канада и нивното куче, рече основачот на Bear Safety, Ким Тиченер, додавајќи дека средбите меѓу луѓето и мечките се зголемуваат бидејќи се повеќе луѓе излегуваат на отворено, но дека фаталните напади се исклучително ретки.

Областа околу Црвениот елен е затворена за јавноста до понатамошно известување, соопштија од Паркс Канада.

„Причината зошто гледаме се повеќе напади е тоа што повеќе луѓе излегуваат надвор и за жал не се едуцирани за тоа како да постапат во случај на средба со мечка“, рече Тиченер, додавајќи дека само 14 отсто од гризли нападите во светот резултираат со смртни случаи.

Националниот парк Банф, кој го посетуваат повеќе од четири милиони туристи секоја година, е дом на приближно 60 гризли, кои се сметаат за загрозен вид во Алберта.