Бабите и дедовците, кои преземат некои од грижите за внуците, можат да го продолжат животот со цели пет години, пишува “Дејли мејл”.
До овој заклучок дошле австриски и швајцарски научници кои истражувале 500 лица на возраст меѓу 70 и 103 години. Тие биле поделени во две групи, во зависност од тоа дали се грижеле или не за своите внуци.
Половина од оние кои го посветувале времето на помладите налседници биле сеуште живи 10 години подоцна. Истиот процент на луѓе ма кои не биле доверени внуци, починале само по 5 години.
Грижата и надвор од семејството од страна на луѓето од третата возраст исто им го продолжува животот , утврдија експертите. Тоа подарува на постарите луѓе дополнителни 3 години живот. А половина од учесниците во истражувањето, кои немале деца и грижи за другите, живееле уште седум години.