Грета Тунберг повикува на еднаквост, ќе донира 100.000 евра за Ковакс

Сподели со своите пријатели

Шведската активистка за клима, Грета Тунберг, ќе донира 100.000 евра на Светската здравствена организација за набавка на вакцини за коронавирус во сиромашните земји.

Loading...

Грета Тунберг изјави дека владите, производителите на вакцини и меѓународната заедница мора да сторат повеќе во борбата против нееднаквата дистрибуција на вакцините во светот и најави дека ќе даде 100.000 евра од нејзината фондација за програмата Ковакс.

Шведската тинејџерка, кој го инспирираше појавувањето на меѓународното еколошко движење за борба против климатските промени „Петок за иднината“, изјави дека во богатите земји секоја четврта личност примила вакцина против ковид, а кај сиромашните само една од 500.

Грета Тунберг рече дека „целосно е неетично земјите со високи примања сега да вакцинираат млади и здрави луѓе“ на штета на ризичните групи и оние кои се на првата линија на одбрана од пандемијата во сиромашните земји.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата недела во светот се регистрирани 5,2 милиони нови случаи на инфекција со ковид-19, што е нов максимум.

Leave a Reply