Иако сушењето коса е нешто што скоро сите секојдевно го практикуваат и не размислуваат премногу како тоа го прават, сепак не сите го правиме тоа правилно.
Миењето и сушењето на косата е нешто што секоја жена треба да го прави скоро секојдневно, не размислувајќи многу за тоа. Веројатно многу од вас по миењето, малку ќе ја избришете косата со пешкирот и веднаш ќе се фатите за фен, но тука ја правите една од најголемите грешки.
Прерано започнување со сушењето
Важно е по миењето косата добро да се исцети и замота во пешкир за да го отстраните вишокот вода. Сушењето на косата веднаш по миењето е голема грешка.
Неправилно нанесување на производите за коса
При нанесување на производите за коса како регенератор, балзам и слично, честа грешка е нерамномерното нанесување. Кај ваквите производи избегнувајте да ги нанесувате на темето, задржете се на долниот дел од косата. Исто така внимавајте и на количината на производот кој го користите.
Неквалитетен фен
Ако сакате да го одржите квалитетот на косата, вложете во квалитетен фен која има поголема моќ не се прегрева.
Користите погрешна четка
За поголем волуме користете помала четка, затоа што така ќе постигнете подобар ефект. Ако сакате рамна коса, користете квалитетна, густа и кружна четка.
Loading...