Надворешните граници на Европската унија мора да бидат заштитени и не смее да им се дозволи на мигрантите да се користат како политичка алатка, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, за време на видео конференцијата на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Нивниот вонреден состанок се одржа вчера на кој се разговараше за случувањата во Авганистан во рамките на мисијата на НАТО, и нивните семејства, се наведува во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи, а го пренесува порталот „Катимерини“.
Министерот им рече на своите колеги дека ЕУ треба да ја нагласи потребата од претставничка влада во Авганистан и дека Талибанците мора да ги почитуваат основните права и слободи и да гарантираат заштита на жените, малолетниците и малцинствата, како и културното наследство.
Дендијас предупреди дека миграциските текови ќе се зголемат и дека треба да се спречи нова хуманитарна криза, поради што тој побара договор и соработка за тоа прашање и јасна порака до трети земји, како што е Турција, дека мигрантите не смеат да се користат како политички алатка.