Грција спремна да помогне за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина

Сподели со своите пријатели

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас денеска коментирајќи ги последните настани на Косово и Метохија изјави дека е потребна претпазливост и почитување на меѓународното право и порача дека Атина ќе направи се за да им олесни на Белград и Приштина да ги решат разликите.

Loading...

Дендиас, говорејќи од Ханој за време на посетата на Виетнам, истакна дека стабилноста и безбедноста во поширокиот регион се од апсолутен интерес за грчката дипломатија, пренесува грчки Катимерини.

– Не се сеќавам колку пати ги посетив Приштина и Белград во последните две години. Исто така, како што е познато, Грција учествува во КФОР, мировните сили на Косово – рече Дендијас.

Тој оцени дека опкружувањето ќе им овозможи на Белград и Приштина да разговараат и да ги решат несогласувањата и рече дека Грција ќе направи се за да го олесни тој процес.