Грција се подоготвува за топлотен удар: Следните денови пеколни!

Сподели со своите пријатели

Грција се подготвува за бран екстремни горештини, со температури кои можат да достигнат 44 степени целзиусови во наредните денови.

Loading...

Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита денес издадоа предупредување – се очекува високите температури да траат до 8 август, што е невообичаено долг период.

Освен фактот дека големата топлина и високите температури, кои ќе надминат над 30 степени целзиусови во текот на ноќта, лошо влијаат на човечкото тело, постои страв од можни пожари доколку времето продолжи како во претходните недели – со малку дожд и силни ветрови.

Leave a Reply