Грција се подготвува за прекини на струја

Сподели со своите пријатели

Грчката влада подготвува итен план за заштеда на електрична енергија и друга енергија во случај на целосен и продолжен прекин на испораките на руски гас.

Loading...

Вонредните прекини на струја во работните денови ќе ги опфатат „енергетски интензивните индустрии“ кои не произведуваат основни видови стоки.

Изворите велат дека таквата можност е исклучена во блиска иднина, но неизвесноста и обемот на војната во Украина, како и реакцијата на Москва на непредвидливите санкции на ЕУ, бараат интервенции кои ќе ја ограничат потрошувачката на струја и транспортот во Грција.

 

Фотографии за кои зборува светот: Само Ким Џонг Ун носи ковчег без маска, а Ковидот дивее

 

Така, според атинскиот весник „Та неа“, во „екстремното сценарио“ за целосен прекин на испораките на руски гас среде туристичката сезона, врз основа на планот на менаџерите за електрична енергија и Министерството за животна средина и енергетика, планот ќе се активира наизменична „ротација на прекини на електрична енергија“ во Грција – во интервали во текот на работните денови.

Целта не е да се исклучи струјата за домаќинствата, компаниите кои се на нисконапонска мрежа или хотелите и критичната јавна инфраструктура, туку да се заштеди енергија која подоцна ќе се дистрибуира според приоритетите, пишува Бета.

Loading...

Грчката влада размислува и за враќање на далечинското работење за да заштеди енергија во компаниите, како и препораки за намалување на употребата на автомобили за патен транспорт.

 

Украинскиот парламент ги забрани руските воени симболи

 

Грчката влада презема и мерки кои вклучуваат превентивно заштеда на електрична енергија, а покрај овие мерки, грчката влада веќе презеде мерки за обезбедување доволно енергија и сигурност во снабдувањето.

Одлучено е да се изнајми брод-цистерна за складирање на течен природен гас на 12 месеци, кој ќе биде трајно закотвен на постоечкиот островски терминал LNG недалеку од Атина, со што ќе се зголеми капацитетот за складирање на течен природен гас.