Грција наскоро ќе потпише договор за набавка на 18 воени авиони од Франција

Сподели со своите пријатели

За неколку дена, овде во Атина ќе се потпише договорот за 18 авиони „Rafale“, кои во текот на 2021 година ќе ги добиеме од Франција, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на расправата во Парламентот за буџетот за следната година, јави дописничката на МИА од Атина.

Loading...

Набавката на воените авиони, Мицотакис ја соопшти во септември за време на Меѓународниот саем во Солун, но вчера конкретно се осврна на договорот што ќе се потпише, а паралелно истакна дека буџетот за одбраната достигнува до 5,5 милијарди евра, за 57 отсто повеќе од 2019 година.

Мицотакис во неговиот говор, во однос на вакцината рече дека Владата за неколку дена ќе започне информативна кампања за вакцинација, односно како што рече, операција под името „Слобода“.

Грчкиот Парламент со 158 гласа „за“ и 142 „против“ синоќа го изгласа буџетот за 2021 година, а со широки мнозинство беа одобрени буџетот на Министерство за одбрана и на претседателот на државата.

Поради превентивните мерки за заштита од коронавирусот од 300 пратеници, присутни на гласањето беа 49, а останатите 251 преку допис го соопштија нивниот став.

На гласањето му претходеше петдневна расправа, а обраќања имаа и лидерите на политичките партии.

Сања Ристовска, Грција

Leave a Reply