Грција ја очекува опасно лето со пожари, суша и ветрови

Сподели со своите пријатели

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на состанок со неговиот кабинет предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, долготрајната суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.

Loading...

„Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и да го свртам вниманието на сите нас назад кон летото кое се предвидува да биде особено опасно“, рече Мицотакис, пренесува Катимерини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ликвидација во Атина, маж изрешетан со 10 куршуми

Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени ја зголеми нивната фреквенција и интензитет.

Само викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два во близина на главниот град Атина.

Мицотакис рече дека во двата пожари изгореле околу 100.000 квадратни метри земјиште и оти штетата е ограничена поради брзата реакција на државната служба за вонредни состојби.

Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше повеќе припадници на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на професионална обука.

Сите заинтересирани ќе можат да ги поднесат своите кандидатури и да ги поминат задолжителните тестови и надвор од распоредот на редовните конкурси за прием на кандидати во противпожарната служба“, изјави грчкиот премиер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Издадено предупредување за силно невреме во Грција