Грција испраќа фрегати, авиони и ПВО систем на Кипар по иранскиот напад

Сподели со своите пријатели

Грција ќе испрати две свои фрегати на Кипар, откако беше лансирана единствената одбранбена доктрина на Грција и Кипар поради иранскиот напад со беспилотни летала врз британската воздухопловна база на Кипар, објави денес грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас.

Според него, Грција ќе испрати систем за одбрана против дронови „кентаур“ на една фрегата, а ќе испрати и два авиони Ф-16, објавува Прототема.

Дендиас утре ќе го посети и Кипар, објавува Танјуг.

Тој изјави дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис разговарал со својот кипарски колега Никос Христодулидис и дека Грција ќе придонесе за одбраната на Кипар сè додека трае кризата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Министерот за одбрана на Трамп: Целта на нападот врз Иран не е промена на режимот

„Подготвени сме да го одбраниме Кипар со сите можни средства“, рече тој.

Кипарските власти претходно денес објавија дека британската воздухопловна база во Акротири, Кипар, била нападната од беспилотно летало кратко по полноќ, предизвикувајќи ограничена штета.

После тоа, уште два беспилотни летала полетаа во правец на британската воздухопловна база Акротири на Кипар, но беа „соборени на време“.