Грција „гори“: Најавени пеколни горештини, затворени и училишта

Сподели со своите пријатели

За Грција денеска се најавени пеколни горештини, а многу високите температури, според најавите, ќе траат до викендот.

Loading...

Највисоки температури се очекуваат денеска и утре, а се предвидува дека во некои делови од земјата ќе достигне и до 42 целзиусови степени.

Најтопло ќе биде во копното на Грција, најмногу во централните и јужните региони, а властите предупредуваат на голема опасност од избувнување на пожари.

Поради многу високите температури, основните училишта се затворени низ цела Грција, а постои можност учебната година да заврши порано поради високите горештини за основните и предучилишна возраст.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицотакис го номинира Константинос Тасулас од Нова демократија за претседател на Грција

Според локалните медиуми, во многу градинки и пониски одделенија од основните училишта наставата трае само до 11:30 часот.

Како што е најавено во северните делови на Грција, температурата ќе се движи од максимални 37 до 40 степени, додека претпладне ќе достигне до 27.

Во централна Грција и западниот дел на Пелопонез максималната температура ќе достигне од 38 до 40 степени, а во Тесалија од 41 до 42 степени, додека во источните делови живата во термометарот може да достигне и 43 степени.

Според најавите, на островите во источното Егејско Море и Додеканезите температурата ќе се искачи до 39 степени, додека локално на Крит ќе достигне до 42 целзиусови степени.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарија: Радев денеска му додели мандат на кандидатот за премиер Жељазков

Во Атика во четврток максималната температура ќе достигне до 41 степен, додека во приморските предели температурата ќе биде пониска за 3 до 5 степени.

Во петок се очекува опаѓање на температурите во западните, централните и северните делови од земјава, додека во останатиот дел од земјава температурите се уште ќе бидат многу високи.

Властите предупредија на опасност од пожари во регионот на Атика, Коринт, Лариса…