Грција го замрзна имотот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каила, поради истрага што беше покрената поради сомневања за корупција и перење пари во ЕП.
Белгиското обвинителство покрена обвинение против четворица осомничени дека примале пари и подароци со цел да влијаат врз одлуките на Европскиот парламент во корист на една земја од Персискиот залив, а како што пренесува Ројтерс, меѓу обвинетите е и потпретседателката на ЕП Ева Каили.
Во меѓувреме, Европскиот парламент објави дека се суспендирани овластувањата и должностите на потпретседателката на ЕП Ева Каили, пренесе Ројтерс.
Социјалистите на Грција, движењето ПАСОК, чиј член е Каили, објавија дека таа е исклучена од партијата, но нејзината канцеларија не одговори на телефонските повици или мејловите кои бараат коментар за случајот, наведува британската агенција.