Грчкиот министер за здравство, Василис Кикилас, денеска објави дека новите мерки ќе важат во Грција од почетокот на септември.
На лицата кои немаат валиден доказ за вакцинација или релевантен доказ дека го прележале вирусот, нема да им биде дозволено да влегуваат во затворени места за забава, ресторани и кафулиња.
Од 1 септември, невакцинираните лица, кои се вработени во јавниот и приватниот сектор, имаат обврска да се тестираат еднаш неделно, почнувајќи од 13 септември. Цената на тестот е 10 евра.
Мерката за прекин на работата за сите здравствени работници кои не се вакцинирани, ќе се почитува без одлагање, како што најави министерот за здравство.
Тој, исто така, посочи дека задолжителната вакцинација важи и за приватни лекари и за фармацевти во примарната здравствена заштита.
Невакцинираните просветни работници, како и оние што работат во туризмот, телевизијата, театарот и индустријата за музика и танц ќе треба да се тестираат два пати неделно.
Студентите ќе ја имаат истата обврска, но тестовите за нив се бесплатни.
Сите туристи кои не се вакцинирани, а се постари од 12 години, имаат обврска да поднесат негативен брз тест, не постар од 48 часа.
За деца постари од пет години, воведена е обврската за само-тестирање.
Сѐ уште е во сила мерката задолжително носење маски во затворени простории, но и на отворено, доколку има собир.