Грци биле агресивни кон полицајци на Табановце

Сподели со своите пријатели

Двајца грчки државјани биле приведени вчера на Граничниот премин Табановце поради агресивно однесување кон полицајците.

Loading...

– На 25.06.2024 во 11.30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата полициски службеници ги привеле К.М.(33) и К.М.(32), двајцата од Р.Грција поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле предадени на полициски службеници при СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бобан Николовски нов директор на Царинската управа