Грчката полиција уништи 8.300 нелегални растенија канабис одгледувани на поле со пченка

Сподели со своите пријатели

Грчката полиција денеска соопшти дека уапсила сопственик на фарма и уништила повеќе од 8.300 нелегално одгледувани растенија канабис кои биле откриени на поле со пченка во централна Грција.

Loading...

Тоа е едно од најголемите количества на растението некогаш пронајдено во земјата.

Полицијата соопшти дека некои од растенијата канабис биле високи до 3,5 метри, а нивните корени биле заплеткани во пченка, објави Ројтерс.

Се забележува дека 44-годишниот сопственик на фармата бил уапсен под обвинение за нелегално одгледување канабис и трговија со дрога како дел од криминална група.

Властите процениле, врз основа на бројот на растенијата канабис, дека групата имала за цел да оствари нелегален профит од 15 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словенија паднаа 35 сантиметри снег (ВИДЕО)

Грција го легализираше канабисот за медицинска употреба во 2017 година, а една година подоцна ја укина забраната за негово одгледување и производство.

Поседувањето, производството и продажбата на канабис за рекреативни цели и понатаму остануваат незаконски, пренесува Танјуг.